Трамп: Втората фаза почнува токму сега

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „голем товар е тргнат од Блискиот Исток“, но оти „работата сè уште не е завршена“.

На платформата Truth Social тој напиша: „Телата на мртвите сè уште не се вратени, како што беше ветено. Втората фаза почнува токму сега!“

Трамп ја објави изјавата помалку од 24 часа по враќањето од Блискиот Исток, каде што прво говореше во израелскиот Кнесет, а потоа копретседаваше со мировниот самит за Газа во Египет, на кој учествуваа околу 20 светски лидери.

Првата фаза од неговиот мировен план се однесуваше на клучните барања на двете страни – прекин на огнот во Газа и враќање на заложниците во Израел. Втората фаза предвидува обнова на појасот Газа на начин што би гарантирал траен мир и безбедност.

Трамп додаде дека „фазите на планот се донекаде испреплетени“, но оти „одделни елементи може да се спроведуваат и надвор од редоследот, доколку тоа носи позитивен ефект“.

Back to top button
Close