Трамп за Бајден: Тој е будала, не е паметен човек!

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп вчера одржа митинг во одморалиштето Вилдвуд на брегот на Њу Џерси, каде пакго обвини претседателот Џозеф Бајден за кривичните обвиненија со кои се соочува пред претседателските избори во ноември.

На митинг пред десетици илјади луѓе, Трамп го окарактеризира Бајден како „тотален морон“, а правните постапки против него како политички мотивирани и темпирани да и наштетат на неговата способност да води кампања, пренесува АП.

„Тој е будала. Тој не е паметен човек. Сега зборувам за него поинаку, бидејќи ракавиците се симнати“ – рече Трамп за Бајден.

Според тимот на Трамп, поранешниот претседател привлече „огромна толпа“ на собирот во саботата вечерта во Вилдвуд, околу 150 милји јужно од Њујорк.

Лиза Фаган, портпаролка на градот Вилдвуд, изјави за АП дека проценува дека на митингот присуствувале меѓу 80.000 и 100.000 луѓе.

На Трамп на сцената му се придружија, меѓу другите, гувернерот на Северна Дакота – Даг Бургум и легендарниот НФЛ играч – Лоренс Тејлор, регистриран сексуален престапник.

Back to top button
Close