Трамп за досиејата на Епштајн: Мислам дека е навистина време земјата да се фокусира на нешто друго
Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека е време Американците да се ослободат од досиејата на Џефри Епштајн и одби да одговори на прашања во врска со жалбите на преживеаните жртви на осудениот сексуален престапник.

„Мислам дека е навистина време земјата да се фокусира на нешто друго. Сега кога ништо не се откри за мене, освен дека тоа беше заговор од Епштајн и други против мене, мислам дека е време земјата можеби да се фокусира на нешто друго“, рече Трамп од Белата куќа, пренесува CNN.
Трамп одби да одговори на прашање од новинар на CNN за загриженоста на преживеаните жртви на Епштајн во врска со досиејата објавени од Министерството за правда на САД.
Трамп, исто така, ги отфрли обвинувањата дека имињата на неговите сојузници како што се милијардерот Илон Маск и министерот за трговија Хауард Лутник се појавиле во досиејата.
„Сигурен сум дека изгледаат добро. Инаку би биле наслови во медиумите“, рече Трамп.






