Трамп за израелски новинар: Нападот може да трае со денови или подолго, на Иран ќе му требаат години да закрепне

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека на Иран ќе му бидат потребни „неколку години“ за да закрепне од заедничкиот американско-израелски напад врз земјата, во телефонски разговор со новинар од израелскиот Канал 12.

. EPA/SAMUEL CORUM / POOL

Американскиот претседател рекол дека може да избере кампањата да трае онолку долго колку што сака или да заврши во рок од неколку дена, со предупредување дека повторно ќе нападне доколку Иран се обиде да се обнови.

 

Сепак, тој нагласи дека во секој случај, на режимот ќе му бидат потребни „неколку години“ за да закрепне од овој напад, пренесува хебрејската телевизија.

Трамп го обвини Иран за повлекување од постигнување нуклеарен договор, велејќи дека сфатил оти Техеран не бара сериозен договор, се додава во извештајот. Трамп исто така го опиша својот вечерашен разговор со премиерот Бенјамин Нетанјаху како позитивен, пренесе Тајмс оф Израел

Back to top button
Close