Трамп за кинескиот претседател: Ми се допаѓаше, но сега не се чувствувам така

 Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека неговиот однос со кинескиот претседател Си Џинпинг се влошил од избувнувањето на пандемијата на коронавирус и дека не разговарал со него многу долго.

– Имав одличен однос со него, изјави Трамп за Фокс Спорт Радио, споменувајќи ја првата фаза од трговскиот договор меѓу двете најголеми економии во светот.

– Имав одличен однос со претседателот Си. Ми се допаѓаше, но сега веќе не чувствувам така, појасни Трамп.

Нагласувајќи дека „многу долго“ не разговарал со Си, Трамп денеска изјави дека последиците од коронавирусот се полоши од економските судири поради смртта на голем број луѓе. – Тоа е срамно!, оцени Трамп.

Администрацијата на Трамп ја обвинува Кина за прикривање важни изформации околу појавата на Ковид-19.

Back to top button
Close