Трамп за неговиот лик на Маунт Рашмор: Звучи како добра идеја

Американскиот претседател Доналд Трамп ги негираше наводите на „Њујорк Тајмс“ и Си-Ен-Ен дека е заинтересиран за можноста да го додаде својот лик во познатиот споменик на Маунт Рашмор во Јужна Дакота, но рече дека „звучи како добра идеја“.

Трамп во неделата вечер на Твитер објави фотографија на која стои пред планината Рашмор, така што изгледа како тој да е петти лик на тој споменик.

Веднаш потоа на Твитер го демантираше извештајот на Њујорк Тајмс дека со гувернерката на Јужна Дакота, Кристи Ноем разговарал за можноста неговиот лик да се најде со ликовите на поранешните претседатели Џорџ Вашингтон, Томас Џеферсон, Теодор Рузвелт и Абрахам Линколн.

– Никогаш не сум го предложил тоа, иако врз основа на многу работи што ги постигнав во последните три и пол години, можеби и повеќе од кој било претседател, тоа ми звучи како добра идеја, напиша Трамп.

Back to top button
Close