Трамп за Појасот Газа, Сирија и Украина

– Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп на денешната прес-конференција, прва по изборите на 5 ноември, се осврна на повеќе меѓународни теми.

Тој истакна дека имал „многу добар разговор“ со премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху за војната во Појасот Газа. Трамп разговорот го опиша како „резиме“ пред неговата инаугурација на 20 јануари.

– Имавме многу добар разговор. Разговаравме што ќе се случи. Ќе бидам достапен на 20 јануари, а потоа ќе видиме, наведе Трамп од неговиот имот во Мар-а-Лаго, Флорида.

Тој упати и предупредување до Хамас дека доколку не ги ослободи заложниците во рацете, целиот пекол ќе му падне на глава.

Новоизбраниот американски претседател се осврна и на новонастанатата ситуација во Сирија по падот на режимот на Башар ал Асад. Според Трамп, „Турција го има клучот за тоа што се случи во Сирија“ односно Анкара извршила непријателско преземање на контролата во Сирија.

– Турција е многу паметна. Таа е еден интелигентен тип и е многу упорна, посочи Трамп, алудирајќи на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, додавајќи оти „Турција изврши непријателско преземање без да убие многу луѓе. Можам да кажам дека Асад беше касап“.

Тој на прес-конференцијата истакна и дека разговарал со претседателот на Русија и на Украина, Владимир Путин и Володимир Зеленски за ставање крај на војната во Украина.

Но, Трамп не одговори дали верува дека Украина треба да и отстапи територија на Русија како дел од договорот за ставање крај на речиси тригодишната војна.

Back to top button
Close