Трансфер на Запакоста од Челзи во Аталанта

Италијанскиот десен бек со 13 настапи во дресот на Азурите, Давиде Запакоста (29), мина од редовите на актуелниот европски првак Челзи во Аталанта за сума од 10 милиони евра.

Ова е трето враќање на Запакоста во италијанскиот прволигаш од Бергамо за кој дефанзивецот настапуваше во сезоните 2011/12. и 2014/15.

Запакоста беше член на премиерлигашот од Лондон од 2017 година и во првата сезона беше стандарден во тимот на „сините“ со 35 натпревари, но последните две сезони ги мина во Серија А, како позајмен фудбалер во Рома и Џенова.

Back to top button
Close