Траорна атмосфера на комеморацијата за починатите во Кочани – 62 балони во чест на 62 починати

Денеска, во салата на Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани се одржа комеморација во чест на загинатите во трагедијата во клубот „Пулс“, што се случи на 16 март годинава.

Настанот Беше организиран од Општина Кочани, со поддршка на Црвениот крст, и е отворен за сите граѓани кои сакаат да оддадат почит на младите животи што трагично згаснаа.

Во пожарот кој избувна за време на прослава во ноќниот клуб „Пулс“, животите ги загубија 62 лица, претежно млади, а околу 200 беа тешко повредени. Освен нив, животот го загуби и возачот на итната медицинска помош, кој непосредно по извршување на работната задача, почина како последица на преголемата изложеност на стрес и напор.

Извор: infomax.mk

Back to top button
Close