Трауми кои ќе ги паметам додека да заминам на оној свет: Соседите ни се закануваат дека ќе не убијат, зашто моето дете има аутизам!

Со клоци и тупаници вчеравечер соседот на Ирена Николовска Ристановска од Битола, удирал на вратата од нејзиниот стан извикувајќи дека ќе ја убие и неа и нејзиното деветгодишно дете Лука, кое што има аутизам. Голготата на оваа мајка трае со години, а правна завршница нема, ниту во обвинителството, ниту по приватна тужба, пишува Слободен Печат

Сѐ се завршува со полициски записник и понатаму институциите не реагираат на очигледното дискриминирање од страна на соседот кон детето кое што има посебни потреби. Поплаките се секогаш дека Лука е гласен, дека скока, дека игра со возот на подот од собата и дека тоа им пречи на двајцата соседи кои потоа доаѓаат на вратата од семејниот стан и со закани, агресија и тешки зборови го прават животот на ова семејство неподнослив.

Голготата почнала месец и половина откако семејството Ристановски се вселило во станот.

– Првпат кога се качиле кај нас, јас и сопругот бевме излезени, а мајка ми и татко ми ги чувале децата. Наредната вечер исто така дојдоа, им пречело што Лука си играл на подот со возот. Начинот на кој ни кажаа колку тоа ним им пречи беше толку страшен, што ќе се сеќавам на него и кога ќе заминувам на оној свет. Трескаат на вратата, со нозе, со клоци, велат ,,ќе ве убијам”. Го снимив тоа со мобилен телефон, викнав полиција, истата вечер инспектор излезе на терен и ни рекоа дека ќе има разрешница зашто случајот го презел обвинителството бидејќи имавме докази. Оттогаш, тие нам 16 пати ни викаа полиција и секој пат тоа завршуваше со лажно пријавување, односно полицијата секој пат констатираше друга состојба од онаа што ја пријавуваа тие. Полицијата секогаш наоѓаше типична семејна атмосфера кај нас дома. Лука тропал, плачел и тоа ги вознемирувало. Не велам дека Лука е мирно дете, но не е хиперактивен затоа што е на безглутенска исхрана и не трча веќе како првите денови. Се случува да го ставиме в автомобил и да го вртиме по цела Битола, само зашто ни е страв од реакцијата на двајцата соседи, раскажува расплакано и вознемирено мајката заСлободен печат“.

Повеќена следниот линк

 

Back to top button
Close