Тренчевска: Нема да бидеме алиби за сценаријата на власта, техничката влада мора да постои

Се покажа дека ставот на СДСМ да не учествува на лидерската средба е целосно правилен, нема да бидеме алиби на лажен дијалог и нема да бидеме алиби за предвремени парламентарни избори по однапред подготвено сценарио, нема да бидеме алиби за укинување на техничката влада, порача потпретседателката и пратеничка од СДСМ, Јована Тренчевска, на вчерашната дебата во емисијата „24 анализа“, на ТВ „24“, се наведува во соопштението од СДСМ.

Тренчевска посочи дека во државата сè уште не постои зрелост за укинување на техничката влада додавајќи дека не може селективно и по потреба да се одлучува дали техничката влада ќе опстои или ќе се укинува, односно да се каже дека за следните избори ќе постои, а за некои идни ќе се укине.

– Кога ќе дојде време, ако покажеме демократски капацитет на институциите и зрелост, тогаш може повторно да седнеме и да разговараме и да разговараме дали ќе се укине. Институциите не се ниту демократски ниту, пак, власта е демократски зрела за да можеме да ја укинеме техничката влада. Впрочем, тоа се виде и на локалните избори во 2025 година, каде што водовме каков притисок на локално ниво се изврши преку Министерство за внатрешни работи и преку Министерство за социјална политика, демографија и млади. И затоа уште кога се најави лидерската средба, рековме дека нема да бидеме присутни, што сега по одржувањето, се покажа дека е правилна одлука – рече Тренчевска.

Во дебатата Тренчевска укажа дека е поразително што на лидерската средба не се разговарало за суштинските прашања, како реформската агенда, економската состојба и стандардот на граѓаните.

– Во јуни 2025 не се донесе ниеден закон од реформската агенда. Во декември 2025 се пролонгира рокот, не се донесе ниеден од пакетот, а особено во делот на владеењето на правото. Да, единствено имаме еден закон од тој пакет на 12 закони, Законот за судски совет, во кој што впрочем не се инкорпорирани ниту препораките, на Оценската мисија, ниту на Венецијанската комисија. Не слушнавме ниту една дискусија или заклучок од оваа лидерска средба за економската состојба на граѓаните. Имало барање од политичките лидери, меѓутоа во заклучоците, освен за техничката влада, ние немаме ништо друго како резултат од ова – рече Тренчевска.

Притоа, Тренчевска предупреди дека власта единствено што прави со секоја политика е изолација на државата.

– Ако Владата продолжи да поднесува закони од реформската агенда кои се спротивни на она што го бара Европската Унија, тоа значи дека ВМРО не сака државата да биде дел од ЕУ, туку да биде дел од некој друг сојуз што ќе работи исклучиво во интерес на партијата, а не на граѓаните – рече Тренчевска.

Back to top button
Close