Тренчевска: УПОЗ си пукаше во нога со потпишаниот договор

Поранешната министерка за труд и социјална политика и актуелна потпретседателка, Јованка Тренчевска го коментираше постигнувањето на договоро меѓу синдикатите и Владата за платите на административните службеници и го критикуваше Синдикатот на УПОЗ при ССМ.

„Договор за повисоки плати на административците! За околу 11000 вклучувајќи ја и судската и обвинителската служба. Прашањето кое си го поставувам е оние административци кои имат претходно склучено колективен договор на ниво на работодавач за 30% поголема плата (веднаш не до 2028) се некоја посебна сорта? Се наши, а не се нивни? Дали тоа е во ред за УПОЗ и за КСС, наместо да побарат изедначување на платите на административците веднаш и сега, тие се задоволија со формулата до 2028? Повторно има разноликост во платите за административците на исто ниво! Ама очигледно синдикатите се задоволни со дај што ќе дадеш? А не со вистинска грижа за своето членство“, посочи Тренчевскi

Според неа, за УПОЗ кои, како што вели, беа најгласни во барањата за потпишување на Општиот колективен договор во 2023 година, овој договор што денес го постигнаа е пукање во сопствената нога.

-Недоследност, негрижа, лицемерие или можеби притисок? Времето ќе покаже, додаде Тренчевска.

 

Back to top button
Close