Тренчевска за Телма: Покачувањето од 18,4 отсто на платите што го бара СОНК не е соодветно во време на економско-енергетска криза

Во врска со досегашното преговарање министерката за труд и социјална политика истакна дека на средбите се разговарало за воспоставување на систем на плати во јавен сектор, кој би се договарал заеднички, целта е  платите да имаат постојан раст, како и  усогласување на платите со пораст на просечна плата и трошоци на живот

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска смета дека во овој момент покачувањето од 18,4 отсто на платите колку што го бара СОНК не е соодветно во време на економско-енергетска криза, кога Владата изминатиов период ја донесе минималната плата, ги покачи пензиите и донесе пакет антикризни мерки.

„Моментумот за покачување на платите од 18,4 отсто не е реален,“ рече Тренчевска во дебатата на Телма, на која приуствуваше и првиот човек на СОНК Јаким Неделков и министерот за обраование Јетон Шаќири.

Тренчевска рече дека социјалниот дијалог со синдикатите треба да продолжи се додека не се најде соодветно решение и дека две средби се малку за решавање на толку важно прашање.

Во врска со досегашното преговарање Тренчевска истакна дека на средбите се разговарало за воспоставување на систем на плати во јавен сектор, кој би се договарал заеднички, целта е  платите да имаат постојан раст, како и  усогласување на платите со пораст на просечна плата и трошоци на живот.

Според податоците што претходно денеска ги објави Министерството, од 75 градинки, се штрајкува во 54.

Неделков на денешната прес-конференција рече дека добиле пријави за притисоци о градинките да се прекие штрајкот.

Според вечерашата дебата, се уште не е договорена средба на која синдикатите и претставниците на Владата ќе разговараат за решение кое ќе значи прекин на штрајкот што го организира СОНК, кој започна денеска, а синдикатите ннајавија дека ќе трае се додека не се посттигне прифатливо решение.

Back to top button
Close