Tрендафилов: Две години го блокираа предлогот на ССМ за зголемување на работничките плати, или за зголемување на минималната плата и зголемување
Првиот човек на ССМ, Слободан Трендафилов утринава пред македонското Собрание им посака добро утро на сите, освен на пратениците.

Вели тоа е така затоа што две години го блокираат предлогот на ССМ за зголемување на работничките плати.
„Добро утро на сите освен на пратениците. Зошто освен на пратениците? Затоа што 2 години го блокираа предлогот на ССМ за зголемување на работничките плати, или за зголемување на минималната плата и зголемување на сите плати за најмалку 6.000 денари. Како што им ветивме, денеска по 21 човек на две локации ќе ги блокираме да не можат да дојдат до сопствените возила на работа со кои што идат, да не можат да наплатат трошоци за превоз како да трошат керозин и ќе мора да дојдат пешки или со јавен градски превоз. Моите информации се дека голем дел на пратеници станале рано утринава за да дојдат пред 9 часот на работа за да не се соочат со работниците на улица затоа што се срамат од своите гласачи затоа што одбиваат да ја зголемат работничката плата, а од друга страна пратеничката плата ќе се зголеми не само за 9,2%, туку и за 12,6% затоа што Уставниот суд голема е веројатноста да ја укине уредбата на Владата од претходната година. Тие се подготвени нивните коефициенти да ги намалат за 9% само за да не ги зголемат платите на работниците“ рече Трендафилов.
Најави дека блокадата ќе трае до започнување на седницата на Собранието која е закажана во 11 часот.






