(Видео) Трендафилов: Идната недела започнуваме со блокади
Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов денеска најави блокади на инситуции за наредната недела.

„Наредната недела ќе започнеме со блокади. Пратениците во Собранието ќе бидат првите кои што ќе ги блокираме затоа што го чуваат Законот за минимална плата во фиока и не сакаат да ги зголемат платите. Веројатноста е наредната недела ќе одат со автобус и пешки, како што доаѓаат најголем дел од работниците. Ќе ги чекаме да ги поздравиме и да ги потсетиме дека таму се за нас и дека треба да гласаат. Тоа ќе биде следниот чекор“ рече Трендафилов додавајќи дека дополнителни информации ќе даде во понеделник.
Претходно, Трендафилов го покани премиерот во понеделник во 9.00 часот да дојде во зградата на ССМ и заедно да го потпишат Колективниот договор со кој платите на работниците ќе се зголемат за 40%, како што според Трендафилов, пишувало во соопштението на Владата.
На денешната прес-конференција, меѓу другото, Трендафилов рече дека не може да се изначуди на обвинувањата од власта дека „ССМ бил виновен затоа што работниците во 2028 година нема да добијат 600 евра минималец“.
„Ние протестираме за 600 евра минимална плата сега, не во 2028. Вратете се во иднината, другари, дојдете во реалноста“, рече првиот синдикалец во државата.
Трендафилов за следната недела најави блокади, а, како што рече, пратениците во Собранието ќе бидат првите кои што ќе ги блокираме затоа што го чуваат законот во фиока и не сакаат да ги зголемат платите.
-Веројатноста е наредната недела ќе одат со автобус и пешки, како што доаѓаат најголем дел од работниците. Ќе ги чекаме да ги поздравиме и да ги потсетиме дека таму се за нас и дека треба да гласаат. Тоа ќе биде следниот чекор, а за информациите ќе објавиме во понеделник. Дента нема да можат да наплатат патни трошоци. Ќе ги удриме по џебот, истакна претседателот на ССМ.






