Трендафилов: Македонските работници имаат мизерни плати, а се продуктивни многу повеќе од што се платени

*Објава на Фејсбук на претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов

Очигледно е дека ја навредуваат интелегенцијата на работниците, затоа што македонските работници имаат само ниски плати, поточно мизерни плати, а се продуктивни многу повеќе одколку што се платени !

Ваквите податоци покажуваат дека 1 (еден) работник е толку многу продуктивен што си ја заработува својата плата, ги заработува платите на директорите и менаџерите, заработува за џип и стан за газдата, заработува за инвестициите на газдата и на газдата му заработува уште околу едногодишна работничка плата ( околу едногодишна нето минимална плата).

Ама па и овие другиве што се прават дека им веруваат !

Back to top button
Close