Трендафилов: Политички играчи прават упад во синдикатот
Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, во емисијата „Трилинг“ вели дека во моментов одредени политички играчи се обидуваат да направат упад во Синдикатот, нешто што е недозволиво.
„Упадот се прави со политичка наредба и тоа се пресликува на локално ниво. Нив треба повеќе да ги загрижува што на локално ниво имаат избори за 5 месеци. Се соочуваме со притисоци од политички играчи со цел да помогнат на друг Синдикат кој е против зголемување на платите, кој сака да го укине општиот колективен договор и кој и ветува на Владата дека ќе прифати се што ќе каже таа“, вели Трендафилов.
Трендафилов додаде дека ССМ неколкупати штрајкувал за време на претходната власт и дека актуелната ќе го почувствува незадоволството на локалните избори доколку продолжи со актуелната политика на игнорирање на синдикалните барања.
Во меѓувреме ВМРО-ДПМНЕ и натаму продолжува со секојдневните напади насочени кон ССМ и за синдикалната организација сметаат дека „веќе нема кредибилитет“, откако од таму беше побарана минимална плата од 500 евра.
-Слободан Трендафилов, подолг период не ги одразува идеите и потребите на работниците, туку на СДС. ВМРО-ДПМНЕ обелодени дека Трендафилов бил на состаноци со СДС и дека е во постојан дослух со нив и со Левица, а СДС излезе и призна. Сања Лукаревска од собраниска сала за прес-конференции јасно кажа дека се гледале со Слободан Трендафилов. Сите барања на ССМ, се политички и ги следат тезите на СДС“, рече денеска пратеникот Бране Петрушевски