Трендафилов: Вметнување на Бугарите во Уставот е прв чекор за ставање крај на стигматизацијата

Знам дека можеби е комплицирано сега да се дојде до потребното мнозинство во парламентот, но тоа би бил најбрз чекор што ќе покаже дека атмосферата на стигматизација и архетип-непријатели завршува со вметнување на категоријата дека еден од конститутивните народи во современата македонска држава се и македонските Бугари, вели претседавачот на Националниот комитет на Граѓанско демократската унија

Промена на Уставот и вклучување на Бугарите како дел од конститутивните народи на државата би бил најбрз чекор за да се стави крај на стигматизацијата на македонските Бугари, вели претседавачот на Националниот комитет на политичката партија Граѓанско демократска унија (ГДУ), Ѓорѓи Трендафилов, во вечерашното гостување во „360 степени“ на ТВ Алсат.

trendafilov.png
Ѓорѓи Трендафилов, ГДУ

 

 

„Знам дека можеби е комплицирано сега да се дојде до потребното мнозинство во парламентот, но тоа би бил најбрз чекор што ќе покаже дека атмосферата на стигматизација и архетип-непријатели завршува со вметнување на категоријата дека еден од конститутивните народи во современата македонска држава се и македонските Бугари“,порача Трендафилов.

Претставници на ГДУ и на неколку здруженија на Бугарите од земјава на неодамнешните средби со државно-владиниот врв во Бугарија порачаа дека Уставот на нефер начин ги третира македонските Бугари и дека тие треба да влезат во преамбулата заедно со другите споменати народи. Потоа, промена на Уставот заради вметнување на Бугарите споменаа претседателот Румен Радев и други политички првенци кај источниот сосед.

На прашањето дали за нив е прифатлива опција отворањето на Уставот да биде реализирано на среден рок, односно Бугарите да се вметнат во преамбулата во моментот кога државата ќе пристапува во ЕУ, како што предложи премиерот во заминување Зоран Заев, Трендафилов вели:

„Веројатно. Оваа власт во Скопје ќе мора да понуди решение на новоформираната влада во Бугарија по изборите. Денеска го направија парламентот. Роковите мислам се релативно кратки и прецизни и кон крајот на следната седмица би требало да имаат или да почнат со постапка за формирање на влада. Не верувам дека ќе се случи до крајот на оваа година, такви се роковите. Но, веројатно ќе биде многу важно двете влади да покажат поголема искреност во желбата да се надмине ова прашање“,рече Трендафилов.

Back to top button
Close