Трет ден во Прилеп нема новозаразени, но се зголемуваат прекршочните пријави за неносење маски

Во Прилеп денеска нема регистрирано нови случаи на заболени од коронавирусот што е трет последователен ден. Денеска се евидентирани двајца кои оздравеле и во моментов во Прилеп се вкупно 25 активни случаи. Од нив 20 пациенти се наоѓаат на домашно, а пет на болничко лекување. Инаку, од почетокот на пандемијата вкупниот број заболени во Прилеп е 218.

На Инфективното одделение во прилепската болница се хоспитализирани три лица позитивни на коронавирусот, додека на две лица сомнителни на КОВИД-19 земен им е брис и се чекаат резултатите.

Во последно време се заострени контролите на полицијата за носење заштитни маски и речиси секојдневно во Прилеп има повеќе од 10-ина прекршочни пријави. Во текот на вчерашниот ден се изречени најмногу, вкупно 48 прекршочни пријави за неносење заштитни маски. Во центарот на градот полицијата дури им објаснуваше на минувачите колку е битно за заштитата носењето маски на лицето и држење физичка дистанца.

Back to top button
Close