Трета жртва од невремето во Грција – загина лице на Халкидики, уништени познати одморалишта
Нов бран невреме се очекува до крајот на денот и во текот на ноќта и ќе ја зафати практично целата земја, жителите на ранливите делови на Грција кои се под вода и кал по првиот удар на бурата „Бора“ што го зафати далеку три жртви се плашат од тоа што ги чека. Преку апел испратен од бројот 112 за кризни состојби, се предупредува населението да не излегува од домот, да не влегува во возилата бидејќи се непредвидливи наносите.
Силен дожд пропратен со бурен ветер повторно се случи на Халкидики и однесе уште една, трета жртва. Уништени се познати одморалишта во Касандра и Ситонија, морето проголта плажи, угостителски објекти, реките течеа по улиците и однесоа мостови, патишта…
Десетици автомобили се превртени од силниот ветер. Соборени се стотици дрвја.
Во овој момент силен дожд врне на северот од земјата и во Солун, градскиот сообраќај е отежнат, водата навлезе во подруми, станови… Калта и водата целосно го парализираа железничкиот сообраќај кон Солун бидејќи тунелот кај Темпо е под вода и неколку метри кал и камења. Армијата помага да се расчисти, но новите количества вода што се слеваат од блиските ридови го оневозможуваат секој напредок.
Најдраматично и понатаму е на Родос и Лимнос, каде загинаа двајца локални жители и кои бурата „Бора“ практично ги претвори во купишта кал. Локалната самоуправа побара дозвола да прогласи вонредна состојба, таму помага и војската, но Родос, познатата туристичка дестинација повеќе не личи на себе. Целиот град, особено Јалисос, вториот по големина град на островот, наликува на руина.
Познати одморалишта и за македонските граѓани се со кал и руина. Во близината на Порто Куфо има свлечиште, по што е затворен патот.(tv21)