Третата војна на Москва во Европа против демократијата

Во Украина, Русија и руската воена машинаерија ја води третата војна против демократијата во Европа. Првите две се уште одекнуваат по улиците на Будимпешта и Прага како тешка траума која две нации отргна насилно од нивните аспирации да живеат во мир и слобода.

Првата војна официјална Москва ја поведе на 4 Ноември 1956 година кога на улицте на Будимпешта рано  изутрината на 4 Ноември, 1956 година во градот влегуваа илијадници руски војници и стотици оклопни возила. Интервецијата на руската армија уследи по протестите на студентите на 29 Октомври истата година со кои беа истакнати 16 барања до тогашната комунистичка власт. Меѓу нив, право на слобода на избори, слобода на изразување, либерализација на економијата и повлекување на Варшавскиот пакт. Студетите добиваат голема подршка на целата територија на Унгарија по што доаѓа до промени во стурктурата на комунистичката хиерархија. Либералните сили во партијата предводени од Имре Наѓ ја превземаат власта. Имре Наѓ станува премиер и една од првите одлуки е напуштање на Варшавскиот пакт. Веднаш потоа Москва ги испраќа своите воени сили во брутална пресметка со унгарските либерали. Од 4 до 10 Ноември колку што трае воената операција убиени се оолу 3000 Унгарци, 200.000 се раселни, а десетици членови на Комунистичката партија со либерални тенденци се линчувани, некои и јавно а потоа и стрелани. Имре Наѓ е исто така убиен. Со ова е задушен првиот обид во источна  Европа за олабавување на стегите на сталинизмот.

Втората војна против демократија во Европа официјална Москва ја направи во тогашна Чехословачка која 12 години по Унгарците се обиде да побара излез од дехуманизираните лавиритни на комунизмот и тоталитаризмот. Овој период во Чешка и Словачка денеска се памети како Прашка пролет. Обидите за олабавување на сталинистичките тесни рамки започна на 5 јануари 1968 година со доаѓањето на чело на Комунистичката партија на Александар Дупчек. Овој прогресивен член на Комунистичката партија најавил реформи со цел да се обезбедат повеќе права за граѓаните, делумна децентрализација на економијата, слобода на медумите, слобода на изразувањето и право за граѓаните на слободно движење. Летото истата година постепено започнала имплеметацијата на овие реформи што официјална Москва ги препознала како изневерување на комунистичката идеологија. Без никаква најава на 20 авгут 1956 во Прага упаѓаат околу 200.000 војници од СССР, Бугарија, Полска и Унгарија предвоедни од рускиот генералштаб. Операцијата под кодно име Дунав трае неполни четири часа. Убиени се стотина Чеси и Словаци. Александар Дупчек го повикува народот да не се спротиставува. Веќе на 21 се инсталира власт лојална на Москва. Дупчек е испратен во село и работи како шумар.

Ови два настана во срцето на Европа денска се славаат како зародиш на демократизацијата на источниот дел од континетот. Александар Дупчек по падот на Железната завеса станува претседател на Собранието на тогаш се уште Чехословачка, а неговиот соборец и пријател Вацлав Хавел е избран за претседател. Едиот Словак другиот Чех во сосема мирен процес ја разделија Чешка и Словачка по што овие две држави до денска имаат пријателски односи.

Имре Наѓ во Унгарија и цела источна Европа се слави како херој на своето време кој го дал животот за слободата на својот народ.

Овие победи на Москва траат до 1989 кога целата Московска империја почна да се руши како кула од карти.

Во тек е третата војна на Москва против демократски избрана власт во Украина. Победикот не е познат. Искуствата од историјата укажуаат на тоа дека воена сила каква и да е нема моќ да наметне трајно решение спротвино на волјата на народот.

Борјан Јовановски

Извор: Нова

 

Back to top button
Close