Трето коло на Вимблдон за Сабаленка и Кејс
Две од фаворитките на годинашниов Вимблдон Арина Сабаленка и Медисон Кејс успешно ги минаа пречките од второто коло и се пласираа во третата рунда.
Првата носителка и тенисерка број 1 Сабаленка во првиот сет имаше проблеми со Мари Бузкова од Чешка и со многу напор го „скрши“ отпорот и првиот сет го доби дури во тај брејкот, додека во вториот сет оствари предност доволна за 2:0 во сетови (7:6(4), 6:4).
Американката Медисон Кејс (осма тенисерка на светот) ја победи Олга Даниловиќ од Србија без поголеми проблеми со 2:0 во сетови (6:4 и 6:2).