Три авиони се борат со пожарот на Сува Гора: Огнот во Јегуновце се гасне од воздух

Screenshot

Поради непристапниот терен, пожарот што избувна во областа на Сува Гора, во општина Јегуновце, во моментов се гасне од воздух. Во интервенцијата се вклучени три авиони на Дирекцијата за заштита и спасување.

Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, заедно со командантот на Територијалната противпожарна единица од Тетово, Авни Амети, се на терен и ја следат состојбата, како и координацијата на активностите за справување со пожарот.

Од ЦУК информираат дека конфигурацијата на теренот не дозволува копнена интервенција, поради што воздушните екипи дејствуваат во погодените подрачја со цел да го стават огнот под контрола и да спречат негово понатамошно ширење.

Противпожарните служби и останатите ангажирани екипи продолжуваат со интензивна работа, а состојбата постојано се следи. Од ЦУК најавуваат дека ќе останат на терен сè до целосно стабилизирање на состојбата.

Извор: skopje1.mk

Back to top button
Close