Три чекори до сурогат мајчинство – пријавување во Министерството за здравство

Во министерството за здравство отворен е регистарот за брачни двојки, кои сакаат да се пријават за да добијат бебе преку сурогат мајка. Истото така во регистарот може да се пријават и жени кои сакаат да им помогнат на брачен пар кој не може да има бебе.

„Идните родители ќе можат да изберат од регистарот која жена ќе го носи нивното дете 9 месеци во нејзиниот стомак. Секако таа жена ќе нема никакво право на тоа дете во иднина по раѓањето“, вели Татјана Васиќ Бозаџиева, државен советник во Министерство за здравство.

Сурогат мајката има право да добива средства за трошоци само за бременоста, за време на првите 45 дена од породувањето има право на породилно отсуство. Со сите орава и обврски ќе бидат запознаени и идните родители и сурогат мајката.

Од министерството со апел заинтересираните родители може да се јават во министерството за здравство.


повеќе

Back to top button
Close