Три експлозии јужно од Тел Авив, нема повредени
Израелската полиција истражува експлозии во три автобуси во Бат Јам, град јужно од Тел Авив, во, како што се сомнева, координиран терористички напад.
Инцидентот се случил вечерва, а пријавени се експлозии на различни паркинзи низ градот.
Три празни автобуси експлодирале на посебни паркинзи во Бат Јам и засега нема информации за повредени.
Тајмс оф Израел јави дека на уште две места се деактивирани две експлозивни направи.
Шефот на полицијата во округот Тел Авив, Хаим Саргароф, изјави дека пет идентични експлозивни направи кои беа активирани и деактивирани вечерва имале тајмери и оти нападот „изгледа како нешто (што потекнува) од Западниот Брег“.
Тој додаде дека бомбите биле импровизирани. ј