Три години затвор за возачот кој ја усмрти девојката кај Сити Мол

„Јордан Ѓоргиев е виновен за тешки дела против луѓето и безбедноста во сообраќајот кој со своето возило „цитроен“ удрил во Викторија Николова и во Леонид Даов, кои како пешаци го преминувале булеварот „Партизански одреди“ кај „Сити Мол. Од незгодата починала Николова, а тешки повреди здобил Даов. Со ова обвинетиот сторил кривично дело. На обвинетиот му се одредува казна од три години и во период од три години му се забранува да му се издаде и возачка дозвола“, пресуди денеска Основниот суд во Скопје за трагедијата на „Сити Мол“.

Јордан Ѓорѓиев, возачот кој во јануари годинава на раскрсницата кај Сити Мол ја прегази 24-годишната Викторија Николова од Радовиш, а повреден беше и нејзиниот партнер Леонид Даов призна вина за сообраќајната несреќа. Тој пред судијката Љубинка Бошевска рече дека „многу се кае за стореното дело“.

-Се чувствувам виновен и многу се каам за стореното дело. Признанието го давам свесно, без никакви уцени и свесен сум за последиците од истото. Изразувам сочувство до семејството на покојната. Од тој ден немам ниту миг раат, многу сум вознемирен, камо да можев да сменам нешто тој ден. Доколку би можел, радо би го заменил местото, говореше низ солзи 22 годишниот Ѓорѓиев.

Ѓорѓиев возел со брзина од 67,3 километри на час што е 17,3 километри на час повеќе од пропишаната брзина.

Back to top button
Close