Три лица без сертификат затекнати во угостителски објект во Миравци

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека при контрола во угостителски објект во село Миравци било констатирано дека во објектот од страна на правното и одговорно лице не биле почитувани донесените владини мерки за заштита од Ковид 19, односно, немало задолжителна проверка на влез на гостите од страна на одредено одговорно лице – редар, вработените во угостителскиот објект кои послужувале гости не носеле заштитни маски, немало задолжително поставено дезинфекциски средства, а во објектот биле затекнати и тројца гости кои не поседувале сертификати.

–  Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица на 22 јануари 2022 во времето од 23.00 до 24.00 часот извршиле контрола во угостителски објект во село Миравци, гевгелиско и при контролата било констатирано дека во објектот од страна на правното и одговорно лице не биле почитувани донесените владини мерки за заштита од Ковид 19, односно, немало задолжителна проверка на влез на гостите од страна на одредено одговорно лице – редар, вработените во угостителскиот објект кои послужувале гости не носеле заштитни маски, немало задолжително поставено дезинфекциски средства, а во објектот биле затекнати и тројца гости кои не поседувале сертификати, наведоа од МВР.

Оттаму додадоа дека е известен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава за „Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ по чл. 206 од КЗ.

Back to top button
Close