Три лица лишени од слобода поради подметнат пожар на багер на територија на скопски Чаир

Полициски службеници од СВР Скопје денеска на улицата „Јадранска магистрала“ ги лишиле од слобода Џ.Џ., А.А. и Ф.Љ. поради сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик.
Како што информираат од МВР, случајот е поврзан со пожар во отпад за секундарни суровини на подрачјето на Чаир при што бил запален багер, а бил пријавен на 1 јули 2026 година околу 23:20 часот во полициската станица Чаир.
По добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги забележале осомничените лица во патничко возило „БМВ“ со ресенски регистарски ознаки, по што тие биле лишени од слобода.
Од МВР соопштуваат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.






