Три лица, од кои две тешко, повредени во сообраќајна несреќа кај Прилеп

Три лица се повредени, од кои две со тешки телесни повреди, во сообраќајната несреќа што се случи попладнево во 17.10 часот на регионалниот патен правец Прилеп – Крушево, кај прилепското село Мало Коњари.

Повредените се префрлени во градската болница во Прилеп.

Како што информира портпаролката на СВР Битола, Сања Стаматова, до несреќата дошло при директен судир, од засега непознати причини, на две патнички возила, „Голф“ и „Алфа Ромео“, со прилепски регистарски таблички, кои се движеле во спротивен правец.

– Тешко се повредени возачот на патничкото возило „Алфа Ромео“, 49-годишен прилепчанец со иницијали З.Г. и сопатничката во возилото „Голф“, 24-годишна со иницијали С.Е. од прилепското Кадино Село.  Возачот  на „Голфот“, 25-годишна со иницијали М.Т. е со телесни повреди, истакна Стаматова.

Полицијата и јавен обвинител направиле увид на местото на несреќата.

Поради сообраќајната несреќа патниот правец Прилеп – Крушево беше затворен за сообраќај од 17.30 часо

Back to top button
Close