Три лицa повредени во сообраќајка на патот Валандово-Удово

Три лица се повредени во вчерашната сообраќајка која се случила во 16:50 часот на регионалниот пат Валандово-Удово, соопштија денеска од СВР Струмица.

Во несреќата учествувале автомобил „форд“ со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од Е.А.(42) од село Старо Балдовци, општина Босилово и мотоцикл „бмв“ со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од Г.Б.(52) од Кавадарци.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле мотоциклистот и неговата сопатничка Е.Б.(50) од Кавадарци, а со телесни повреди се здобил малолетен сопатник во патничкото возило, констатирани во Медицински центар Гевгелија, се наведува во соопштението на СВР Струмица.

Увид на местото извршила екипа на ОВР Валандово.

Back to top button
Close