Три лица уапсени за палењето на возилото на Шилегов

Полициски службеници од СВР Скопје ги уапсиле А.Ј., С.Б. и С.Ј. од Скопје откако било утврдено дека на 09.03.2022 во Скопје со запалива течност  предизвикале пожар.

Најпрво пожарот се случил во патничко возило „ауди Q5“, од кој биле зафатени три други возила –  „фолксваген пасат“, „нисан“ и „даеву матиз“.

Денеска, до Основното јавно обвинителство Скопје, против нив е поднесена кривична пријава поради сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против општата сигурност” по чл. 292, а во врска со чл. 288 од Кривичниот законик.

 

 

Back to top button
Close