Три месеци по почетокот на кампањите за вакцинација ЕУ не исполни ниту една од поставените цели  

3 април 2021

Ел Паис, Мадрид,

Европската унија го заврши првиот квартал од кампањите за вакцинација без да исполни ниту една од целите што ги имаше поставено, коментира шпанскиот национален дневник „Ел Паис“

Брисел се надеваше дека до 31 март ќе бидат вакцинирани 80 отсто  од населението во Унијата над 80-годишна возраст и 80 отсто  од здравствениот персонал. Но и во двата случаја е далеку од целта – само 27 проценти од најстарата популација од Стариот континент и помалку од половина од медицинските лица се имунизирани против Ковид-19. ЕУ, исто така, не успеа да го исполни планираниот распоред за распределување дози, иако во овој случај тоа се должи на проблеми во снабдувањето со вакцината „АстраЗенека“, која обезбеди 70 милиони дози помалку од ветеното.

Брисел се надева дека во текот на април ќе ги продолжи кампањите и ќе ја постигне целта 70 отсто од возрасната популација да вакцинира до крајот на летото.

Податоци од Европскиот центар за контрола и превенција на болести (ECDC) покажуваат дека само 27 отсто од населението постаро од 80 години ги примило двете дози потребни за да се постигне имунитет. Според ЕЦДЦ, само четири од вкупно 27 земји-членки на Унијата го надминаа прагот од 80 отсто  (Финска, Ирска, Малта и Шведска) и уште две (Данска и Португалија) се на прагот да го направат тоа. Во Шпанија, која не достави податоци до ECDC, само една третина од населението постаро од 80 години ги примило двете дози, а 70 отсто добиле барем една.

Што се однесува до здравствениот сектор, ЕЦДЦ располага со малку податоци, бидејќи само 13 земји дадоа информации. Овие податоци покажуваат дека 47 отсто од здравствените работници веќе се вакцинирани и околу 61 отсто ја примиле првата доза.

Бавниот почеток на кампањите за вакцинација предизвика загриженост во повеќето земји-членки, особено во поглед на забрзаното темпо во другите делови на планетата, особено во САД и Велика Британија, каде што соодветно 50 отсто и 7,8 отсто од населението веќе ги примиле двете дози на вакцината. Во ЕУ оваа бројка остана околу шест отсто на крајот на првиот квартал.

-До крајот на оваа недела, 107 милиони дози ќе стигнат до земјите-членки, изјави заменик-портпаролката на Европската комисија, Дана Спинант.

Бројката е далеку од првично планираната над 160 милиони дози, сепак, фактот дека „БиоНТек“ и „Модерна“, две од фармацевтските компании ангажирани од Комисијата ги исполнија ветените испораки за 67,5 и 9,8 милиони, соодветно. „АстраЗенека“, пак, испорача 29,7 милиони, далеку од очекуваните речиси 100 милиони.

На недостаток на доволно вакцини се додаваат флуктуациите на некои земји за употреба на вакцината „АстраЗенека“, која во неколку земјите се ограничени на одредени возрасни групи, и покрај фактот дека Европската агенција за лекови (ЕМА) ја идентификуваше како безбедна за сите возрасти. Комбинацијата на проблеми околу англо-шведската лабораторија конечно ја оддалечи ЕУ од своите цели на почетокот на кампањите за вакцинација, кои почнаа на 27 декември.

-Се разбира, сите знаеме дека може да оди многу побрзо ако сите фармацевтските компании ги исполнија своите договори, се пожали претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен, правејќи аанализа за првиот квартал на кампањата за време на европскиот состанок на врвот минатата недела во Брисел.

Back to top button
Close