Три нови летни сцени во Градски парк

Град Скопје вечерва во 19 часот организира pop up изложба на отворено. На изложбата ќе бидат изложени пристигнатите архитектонски трудови на конкурсот за идејни решенија на три летни отворени сцени во Градскиот парк.

– На конкурсот пристигнаа 13 трудови за понудените три локации: во близина на Езерце, во првиот дел на паркот; во близина на Сточарски институт и спроти Кајак кану клубот „Илинден 90“, информираат од прес-службата на Град Скопје.

Оттаму посочуваат дека ќе доделат три први награди од 70.000 денари, на најдобрите на секоја локација.

– Ги замолуваме авторите на трудовите да не го објавуваат својот идентитет, бидејќи сакаме да го запазиме принципот на анонимност кој беше наведен и во конкурсот, наведуваат од Град Скопје.

Изложбените паноа ќе бидат поставени на улицата пред седиштето на Град Скопје

Back to top button
Close