„Tри саата го наливал со пиво и го опил, пуштете го од притвор“ барал адвокатот на малолетникот кој гo извршил убиството кај Сончев брег

Судот во Бургас му одреди притвор на 14-годишниот М.А., кој е обвинет за убиство на 49-годишен македонски државјанин Игор Николовски во Сончев Брег, пренесе БНР.

Јавно обвинителство на нашиот источен сосед го товари малолетникот дека делото убиство го сторил со умисла. Сепак, неговиот адвокат смета дека се работи за самоодбрана.

Обвинителството на денешното рочиште доставило и пријава дека против осомничениот се води истрага и за друго кривично дело.

„Станува збор за лице веќе познато на полицијата, кое на 5 февруари годинава бил спречено во обидот за ограбување на украински државјанин во Сончев Брег, кого го нападнал со цевка. Ова не му е прв обид да нападне некого“ – изјавил обвинителот Иван Кирков.

Според него, постојат докази кои укажуваат дека осомничениот го извршил убиството со умисла.

При распитот, мајката на осомничениот малолетник изјавила дека во неговата чанта пронашла 1.400 лева, за кои тој и рекол дека му ги дал „пијан турист зад некој ресторан“.

Исказот го потврдил и братот на осомничениот.

Адвокатот на осомничениот за убиството, Радостин Пенев, побарал малолетникот да биде ослободен од притвор, наведувајќи дека тој соработувал со полицијата, како и дека „убиството било извршено во самоодбрана“.

„Замислете 14-годишно дете кое било цел на 50-годишен маж, кој три часа го напивал со алкохол, со три литри пиво. Потоа го однел во шума, му понудил 50 лева и се обидел да го силува. Педесетгодишниот маж го удрил мојот клиент по глава кога се обидел да побегне“ – изјавил адвокатот.

Осомничениот М.А. од Несебар беше приведен вчера под сомнеж за убиство на македонскиот државјанин. Телото на жртвата било откриено во четвртокот во шумски реон до местото Бачата.

Back to top button
Close