Три слободни денови за секој вакциниран во Русија

Работодавачите во Русија мора да бидат обврзани да им обезбедат на вработените три слободни денови по секоја фаза на вакцинација против коронавирусот, соопшти Институтот за социјални истражувања и развој на граѓански иницијативи.

Иако Русија беше прва во светот што се пофали дека развила вакцина против коронавирусот, вакцинацијата во Федерацијата е екстремно бавна. Досега, само 27 отсто од Русите се целосно вакцинирани со две дози. За споредба, во Западна Европа процентот надминува 70.

– Во врска со масовната вакцинација против коронавирусот, која во моментов е во тек во Русија, ве молиме разгледајте ја можноста за воведување обврска за работодавачите да им обезбедат на сите вакцинирани работници три задолжителни платени слободни денови, изјави Максим Петунин, директор на институтот.

Петунин објаснува дека со нормална реакција на телото од покачување на температурата, подобро е вакцинираното лице да остане дома.

Back to top button
Close