Три случаи на врсничко насилство пријавени во полиција

Во полиција вчера и денеска биле пријавени три случаи на врсничко насилство.

Како што информира МВР, во првиот случај И.Т.(42) од Скопје вчера, во 11:00 часот, пријавила во СВР Скопје дека нејзината малолетна ќерка била физички нападната од една малолетничка, која ја познавала. Нападот, како што е пријавено, се случил на 10 овој месец околу 11 часот во двор од средно училиште на подрачјето на Чаир. Настанот бил снимен и видеото било објавено на социјалните мрежи.

Во вториот случај, пак, денеска во 9:10 часот во СВР Скопје, З.С.(45) од Скопје пријавил дека неговиот малолетен син бил физички нападнат од негов соученик. Нападот се случил на 7 февруари 2025 година околу 11:30 часот на подрачјето на Центар.

Во третиот случај, синоќа А.Ш.(41) од скопското село Љубанци пријавил во полиција дека неговиот малолетен син бил физички нападнат во автобус на ЈСП „Скопје“ од двајца малолетници. Притоа едниот од нив употребил остар предмет и му нанел повреда на детето.

Нападот се случил вчера околу 13:10 часот во автобус на ЈСП Скопје, на подрачјето на Бит Пазар.

Полицијата презема мерки за расчистување на случаите

Back to top button
Close