Три сообраќајки во едно деноноќие

Според соопштението на МВР, за време од 24 часа, се случиле три сообраќајки.

На 01.02.2025 во 09.26 часот СВР Битола добило пријава дека патничко возило „фолксваген поло“ удрило пешак кој се здобил со тешки телесни повреди и е однесен во Клиничка болница Битола. Возилото кое удрило во А.Б. (89) било управувано од Н.А. (64), и двајцата од Битола.

Истиот ден, околу 21.30 часот во Полициска станица Кичево било пријавена сообраќајна несреќа помеѓу „ауди“ и „пасат“ на магистралниот пат Кичево-Гостивар. Едното возило било управувано од А.Н. (38) од с.Свиништа, а другото од Е.А. (35) од с.Зајас. А.Н. и сопатничката Д.Р.Т. (65) се здобиле со тешки телесни повреди додека Е.А. и сопатникот С.Т. (65) од Охрид се здобиле само со телесни повреди.

Во 05.50 часот, на 02.01, во Полициска станица Кичево стасало пријава за  уште една сообраќајка – на регионалниот пат Кичево-Македонски Брод во која „фиат пунто“ управувано од А.Л. (28) излетало надвор од колозот. Со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатниците М.С. (19) и З.Р. (30).

Back to top button
Close