Трибина за заштита на правата поврзани со личните податоци на потрошувачите
Проблемите на потрошувачите и правната рамка за заштита на нивните лични податоци преку примери од пракса, ќе бидат темите на денешната трибина „Заштита на правата поврзани со личните податоци на потрошувачите“.
Трибината ќе се одржи онлајн, преку платрформата Зум, а ја организира Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ) во рамки на Програмата за заштита на потрошувачите на Град Скопје за 2020 година.
Поздравно обраќање ќе имаат претседателката на ОПМ, Маријана Лончар Велкова и претседателот на Советот за заштита на потрошувачи на Град Скопје, Бојан Ивановиќ, додека за заштита на личните податоци на потрошувачите ќе зборува адвокатката Маријана Марушиќ Кос.