Триесет и двегодишен моторциклист загина во тешка сообраќајна несреќа
Триесет и двегодишен жител на скопското село Стајковци загина во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на булеварот Киро Глигоров.
-Сообраќајната несреќа се случила кога камион со полуприколка управуван од српски државјанин удрил во моторот. Во незгодата моторциклистот починал на местото на настанот – информира МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.