Триесетдневен притвор за гостиварец осомничен за силување

Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Медиумска информативна агенција. Секој упад и злоупотреба на интернет-страницата на МИА е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Северна Македонија. Правен консултант и застапник: адвокат Слаѓана Серафимова.

Основното јавно обвинителство – Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека го сторило кривичното дело „силување“.

Како што соопшти Јавното обвинителство, осомничениот 49-годишник на 19 декември, со употреба на сила и закана присилил на обљуба една оштетена. Тој ја однел оштетената во неговата куќа во Гостивар, каде физички ја нападнал со тупаници и клоци и ја принудил на сексуален однос, иако таа цело време давала отпор и се противела. Во еден момент оштетената успела да го оттурне од себе и да избега, а дејствијата на осомничениот ги пријавила во полиција.

– Бидејќи ценеше дека во конкретниот случај постои опасност од бегство и можност осомничениот да ја попречува кривичната постапка или да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Гостивар достави предлог за определување мерка притвор. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот и донесе Решение со кое на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена​, се наведува во соопштението.

Back to top button
Close