Триесетдневен притвор за терористичката група во Струга и Гостивар

Триесетдневен притвор добија лицата кои вчера беа уапсени на територијата на Струга и Гостивар под сомнение за планирање терористички активности, дознава ТВ21.

Според информациите од истрагата, апсењето следело по наредба на надлежен јавен обвинител, а полицијата спровела претреси на неколку локации. Осомничените, наводно, планирале активности кои претставуваат сериозна закана за безбедноста на Македонија, како и за други држави.

Синоќа и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски изјави дека „станува збор за терористички организации, четири лица кои се лишени од слобода“.

-Станува збор за терористички организации, четири лица кои се лишени од слобода. Тие, во соработка со лица кои не се на територијата на Македонија, подолг временски период се следат од страна на надлежните безбедносни органи и во соработка со меѓународните пријатели е координирано постапено. Имаме доста докази во насока на поткрепено основано сомнение дека овие лица постапувале во насока да организираат во иднина одредени несакани настани кои би можеле да ја загрозат безбедноста како на Македонија, така и на други држави. Нивната цел била да индоктринираат останати луѓе од Балканот кои би можеле да делуваат соодветно во насока на реализација на нивните цели, рече Тошковски

Back to top button
Close