Триесетгодишен маж е новиот случај на заразен од Ковид-19 во Струмица

Триесетгодишен струмичанец е новозаразениот од Ковид-19 во Струмица, соопшти директорот на Центарот за јавно здравје во Струмица, Петре Витанов.

-По вчерашниот случај на жена на возраст од 49 години, кој се лекува на клиниките во Скопје, денес имаме уште еден докажано позитивен на коронавирусот. Преземени се сите мерки и од последните два инфицирани пациенти 12 лица се во изолација и се под здравствен надзор, информира директорот Витанов.

Покрај двајцата новозаразени од Струмица, уште еден случај е позитивен на Ковид-19, маж на возраст од 37 години од селото Банско, кој, исто така, се лекува на клиниките во Скопје.

Досега во Струмичкиот регион од последици од коронавирусот почина едно лице, а неколкумина беа инфицирани, но успешно се излекуваа.

Back to top button
Close