Трифонов- Во Македониија нема Бугарско малцинство туку само Бугари. Петков е предавник

Лидерот на ИТН го обвинува Петков и за национално предавство и вели дека тоа што премиерот ги обвинувал за поврзаност со мафијата и организираниот криминал сега се гледа дека било користено за да се прекрие предавство
Францускиот предлог за укинување на ветото за почеток на преговорите на Република Северна Македонија со ЕУ, поднесен од премиерот Кирил Петков до Комисијата за надворешна политика, зборува за „бугарско малцинство“. Тоа е нешто што ние како Бугари никогаш не сме го прифатиле бидејќи вистината е дека во РСМ нема бугарско малцинство, туку има Бугари.

Ова е дел од коментарот што за францускиот предлог го дава лидерот на Има таков народ (ИТН) Слави Трифонов во телевизиско обраќање, пренесува новинската агенција БГНЕС.

Тој забележува и затоа што се користи терминот „македонски јазик“.

„Бидејќи ние Бугарите не го прифаќаме постоењето на македонскиот јазик, бидејќи таков јазик нема, сите други земји ќе го признаат. На нас ќе ни се признае дека не го признаваме. Ова е резултат на двојната политика на Кирил Петков од моментот кога стана премиер“,вели Трифонов, пренесува БГНЕС.
Тој констатира дека документот вели оти Бугарија треба да ја остави РСМ да започне преговори, а ЕУ и Франција да се погрижат потоа Скопје да ги исполни своите обврски кон Бугарија, Бугарите да влезат во Уставот како државотворен народ, а потоа и да ги исполни обврските од Договорот за добрососедство од 2017 година.

„Тогаш Франција и ЕУ ќе гарантираат дека тоа ќе се случи подоцна“,коментира Трифонов.

Лидерот на ИТН го обвинува Петков и за национално предавство и вели дека тоа што премиерот ги обвинувал за поврзаност со мафијата и организираниот криминал сега се гледа дека било користено за да се прекрие предавство.

„Глупавите обвинувања за мафија и корупција се смешни и апсурдни оправдувања за неспособноста и националното предавство на Кирил Петков“,вели Трифонов.

Back to top button
Close