Трифун Костовски до Османи и Муцунски: Не билдајте национализам, испорачајте иднина

Став  на Трифун Костовски поврзани со изјавите на Бујар Османи  и Муцунски, Министер за надворешни работи и трговија1. Османи: Во ерата на ДУИ, годишно се вработувале до 2.000 Албанци

Господине Османи,

Ве почитувам како личност и мој сограѓанин Албанец, но никако не можам да се согласам дека токму вие како Албанец, кој секогаш имал високи министерски функции во владите на Република Македонија и натаму продолжувате да го ,,билдате”  само албанизмот во Република Македонија. Живееме во мултиетничка држава чија што заедничка иднината не треба да се гради на национална основа, туку на принципи засновани на креирање напредно општество, со образовани и вистински луѓе на вистински места. Секако дека ние Македонците сме длабоко засегнати од непризнавањето на нашата, македонска посебност од страна на Бугарија и Грција. Но Вие, како мој сограѓанин, го рушите македонскиот  интегритет и иднината на оваа држава. Не сакам да Ве чувствувам како мој асимилатор!

Ако продолжите со вакво перфидно јакнење на национализмот, врз грбот на Македонија и Македонците, во моите очи ќе бидете идентичен со асимилаторската политика на нашите соседи, Бугарија и Грција.

2. Владата нема да дозволи по никоја цена да бидат погазени идентитетските обележја на нашиот народ, вели Муцунски

Господине Муцунски,Вие, како министер за надворешни односи и надворешна трговија, треба да креирате добри услови и да испорачате иднина на нашите сограѓани. Јас, како човек со силно животно искуство и многу блиски пријатели со висок статус во ЕУ заедницата, Ве уверувам дека денес нашата држава не е во приоритетот за проширување во Европската Унија. Ние сме мала држава со малоброен народ, а ЕУ не сака да учествува во балканските меѓусебни кавги. Разбирливо е дека ЕУ секогаш ќе го поддржува посилниот. Но човечки е, ЕУ како заедница  да се разбуди и освести дека и ние, иако  мали како држава и народ, имаме свое достоинство. Би Ве советувал да одите во Москва и да се напиете кафе со вашиот колега Лавров. Светот денес не е како вчера и никогаш нема да биде. Се создава систем на нови сојузи и нов светски поредок. Научете го тоа и прифатете го за доброто на  сопствениот народ којшто го застапувате.

 

Back to top button
Close