Тринаесетгодишно девојче претепано од татко ѝ и брат ѝ – заврши во болница

Тринаесетгодишно девојче од радовишко заврши со телесни повреди откако, според нејзините искази, била нападната од сопствениот татко и брат. Инцидентот се случил на 20 јули, а случајот бил пријавен во 04:25 часот по интервенција на Итната медицинска помош во Радовиш.

Лекарите пријавиле дека девојчето побарало лекарска помош со видливи повреди, за кои изјавила дека ѝ биле нанесени од нејзиниот татко И.А. (46) и брат А.А. (21). По пријавата, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш ги лишиле од слобода двете лица.

За случајот веднаш бил известен јавен обвинител од ОЈО Струмица, а разговор со малолетната жртва извршил стручен работник од Меѓуопштинскиот центар за социјални работи Радовиш.

Полицијата информира дека се работи на целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе следува соодветна кривична пријава против осомничените.

Back to top button
Close