Трипати повеќе гости од дозволеното, а само 100 евра казна за локалот во Кавадарци каде настапуваше Аца Лукас
Локалот во Кавадарци во кој на 22 ноември настапуваше српскиот пејач Аца Лукас е казнет со парична глоба од 100 евра, како микро трговец, поради присуство на трипати повеќе гости од дозволениот капацитет, објави СДК.мк.

Иста казна од 100 евра му е изречена и на одговорното лице, откако инспекциската контрола на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) утврдила значително надминување на дозволениот број посетители. Од ДПИ потврдија дека прекршочните платни налози се издадени согласно Законот за угостителска дејност и дека се платени во законскиот рок.
Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, тогаш изјави дека во локал регистриран за 200 лица имало околу 700 гости, нагласувајќи дека безбедноста е на прво место и дека нема да се дозволи повторување на трагични сценарија.
Дополнително, од ДПИ информираа дека за истиот објект е изречена и платена казна согласно Законот за заштита од пушење, додека Аца Лукас бил казнет со 50 евра поради работа без соодветна дозвола






