Триумф на Работнички над Башкими и реми во Кратово

– Попладнево се одиграа последните два дуела од 23.коло од Првата фудбалска лига, а вредна победа во борбата за опстанок постигна Работнички на гостувањето кај Башкими со 2:1, додека Силекс и Пелистер во Кратово одиграа без голови 0:0.

Работнички поведе во 11.минута преку Сухејљ Муарем во 11.минута, а предноста ја зголеми Мартин Талков во 73.минута. Голот за Башкими го постигна Емануел Аворнио во 79.минута.

„Романтичарите“ со новите три бодови имаат 19 и се на претпоследното место на табелата или три помалку од Пелистер, кој денеска освои бод во Кратово против Силекс и сега има 22 бода.

Кратовчани по четвртото реми сезонава останаа на четвртото место на табелата со 40 бодови.

Back to top button
Close