Трка на херои во сите бои: Зегин спектратон ќе се одржи на 9 јуни во паркот „Аеродром“

 

Трка на херои во сите бои – Зегин спектратон ќе се одржи на 9 јуни од 8 часот во паркот „Аеродром“ во скопската населба Јане Сандански.

Средствата од секоја котизација ќе бидат донирани во Здружението „Во мојот свет“, со цел побрзо да се изгради првиот дневен центар во регионот за адолесценти и млади со аутистичен спектар и атипичен развој.

Регистрацијата е отворена! Резервирајте го вашето место на линкот: https://trki.mk/mk

За повеќе информации следете ги профилите на социјалните мрежи:

https://www.facebook.com/zegintrka и https://www.instagram.com/trka_zegin/

– Ова не е ваше типично трчање – ова е прекрасно искуство кое ќе направи да се чувствувате енергично и инспирирано. Не ја пропуштајте можноста да трчате, да се поврзете со истомисленици и заедно да оствариме една голема хумана мисија. Се гледаме на стартната линија – порачаа организаторите.

Back to top button
Close