Тркалезна маса „Како македонската литература за деца полесно да ги премине границите на нашата земја“

 Тркалезна маса на тема „Како македонската литература за деца полесно да ги премине границите на нашата земја“ ќе се одржи вечер во Чифте амам.

На тркалезната маса ќе учествуваат: Билјана Црвенковска, писателка, основачка на издавачката куќа „Чудна шума“, Александра Јуруковска, литературна критичарка, Ване Костуранов, илустратор, автор на сликовници, Татјана Димовска-Атанасова, уредничка во издавачката куќа „Арс Ламина“ и Бистра Георгиева, авторка на сликовници за деца.

Тркалезната маса е дел од програмата на 3.Фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“.

Настанот ќе се одвива според ковид-протоколите за организирање културни настани. Стриминг од тркалезната маса ќе може да се проследи на фб-профилот на фестивалот „Литера“ (https://www.facebook.com/Litera.mk).

Back to top button
Close