Тројца битолчани тешко повредени, со возило излетале од пат

Три лица се тешко повредени, а едно здобило телесни повреди откако вчера со патничко возило излетале од патот, информираа од МВР.

Како што соопшти полицијата, повредените се од Битола, а несреќата се случила на патот од село Новаци кон селото Брод во Општина Новаци.

Случајот е пријавен вчера попладне. Со патничко возило „хјундаи“ со битолски регистарски ознаки управувал Љ.Т. (54) кој заедно со сопатниците Т.Н. (51) и З.Т. (38) е тешко повреден, додека кај З.С. (50) се констатирани повреди. Четворицата се пренесени во Клиничка болница Битола, а увид на местото извршила екипа на СВР Битола.

Back to top button
Close